fbpx
png_20220831_142431_0000

Прочистувач на воздух со траен филтер и чешка технологија

  • за домови
  • за канцеларии и работни простории
  • за училишта и јавни простории
  • за спортски центри, теретани и сали за вежбање

СПЕЦИФИКАЦИИ:

  • Ефикасност 96% против прашнасти честички во воздухот, вклучително бактерии, вируси, алергени, спори од мувла, радон во распаѓање (познати како PM – particulate matter, суспендирани честички со големина изразена во микрометри-μм, од најситни PM 0,3, кои се пренесуваат низ воздухот)
  • Траен електростатски филтер
  • Бучава: макс. 8 dB
  • Максимална просторна површина при стандардна висина на таван: 75 м2
  • Капацитет на воздухот: 65 m3/ ч
  • Напојување: 220-240 V/50 Hz
  • Моќност: мах.12 W (потрошувачка на струја 2 мкд/24ч)
  • Светлосна сигнализација за три брзини на работа на уредот
  • Светлосна сигнализација за прекумерна нечистија наталожена на филтерот и потреба од негово темелно чистење
  • Tежина: 3,1 кг
  • Висина: 71 см
  • Концентрација на негативни јони на растојание од 50 см од уредот (420.000/см3): 4.2×10 5 / cm 3
  • Концентрација на негативни јони на растојание од 250 см (270/см3): 2.7×10 2/cm 3
  • Чешки производ со производство во НРК, производ на година 2015-2022 во Р.Чешка и супербренд за 2021 и 2022 г. Во Р. Чешка
  • Три варијанти на боја (сребрена, бела, црна)
  • 2 години гаранција и брз сервис
  • Уредот во целост ги задоволува хигиенските стандарди за уреди кои се користат во простории за домување кои се однесуваат за концентрации на озон, а согласно експертизата на Националниот Здравствен Институт Прага во целост е објавена на почетната страна во оригинал и превод (Многу осетливи лица можат да помирисаат озон). Производство на озон: 0,005 – 0,025ппм, при лимит од 0,05 ппм.
Сертифициран во Р. Чешка, експертизите и протоколите во оригинал и во превод преземете ги подолу:

Благодарение на современите технологии Ionic CARE  е активен прочистувач на воздухот со високи перформанси, кој работи без звук, а истовремено е и моќен јонизатор-генератор на корисни негативни јони. Ionic-CARE ги комбинира двете функции беспрекорно.  Прочистувањето на воздухот со ефикасност од 96% се одвива потполно бесшумно и со нула трошоци за филтри. Циркулацијата на воздухот ја врши систем на електроди користејќи  т.н. електронски ветер, заменувајќи ги бучните вентилатори. Нечистотиите се заробуваат на електростатскиот филтер. На  површина од 1100 см2, не само што е заробена микро прашината од воздухот (ПМ честичките), туку и хемикалии, чад од цигари, полен и други алергени, вируси, бактерии, спори на габи, мувла, па дури и елементи на радон во распаѓање. Има три брзини на работа и потрошувачка од максимум 12 W.

Грижа за здравјето

РЕЗЕРВИРАЈТЕ ТЕСТЕР И ИСКОРИСТЕТЕ 15 ДЕНА БЕСПЛАТЕН ТЕСТ ПЕРИОД

 

Широк спектар на позитивни ефекти по здравјето:
  • подобро дишење
  • ги отстранува алергените и прашината
  • ги уништува вирусите и бактериите
  • го намалува количеството на радон
  • ги подобрува работните перформанси 
  • го подобрува квалитетот на спиењето
  • го намалува крвниот притисок
  • ги ублажува депресивните состојби
ОДРЖУВАЊЕ:

Еднаш неделно, а по потреба и почесто, со влажна крпа или марамица соберете ја налепената нечистотија од нерѓосувачкиот челичен филтер, а потоа со сува крпа исушете го. Доволни се 10 минути да остане филтерот надвор од уредот за потполно да се исуши пред да го вратите назад.

Внимавајте да не навлезат капки вода во деловите кои се недостапни за бришење. Во тој случај оставете го филтерот убаво да се исуши пред да го вратите во уредот. Ако го миете филтерот под млаз вода оставете го филтерот потполно да се исуши минимум 8-24 часа пред повторно да го вратите во уредот. Внимавајте сретството за миење да биде без абразивно за да не го нагриза филтерот.

Секогаш кога го чистите филтерот исчистете ги и јонизирачките жици придвижувајќи го горе долу повеќе пати лизгачот за механичко чистење од прав.

За повеќе информации погледнете го видео упатството за користење.

Позитивните во однос на негативните јони во воздухот

Алармантниот пораст на алергиите, респираторните и менталните здравствени проблеми ги принудија експертите да ги преиспитуваат причините. Покрај класичните виновници, како што е хемиското загадување, тие открија уште еден незабележан отров што е невидлив, нема мирис и тешко се мери. Тоа е трајното изложување на вишок штетни – позитивно наелектризирани јони кои се создаваат од автомобили, индустриски смог, вештачки влакна, предаватели, озонска дупка, ефект на стаклена градина, телевизори, монитори, флуоресцентни светилки, копири, ласерски печатари и сл. Тие влијаат на рамнотежата на здравиот баланс на корисните негативни јони на штета на нашето здравје. 

Колку негативни јони ни се потребни?

Корисните негативни јони на кислород (О-јони) се содржани во воздухот кој го дишеме. Но заради загадувањето нив ги има сè помалку, а над 60% од населението, претежно живеејќи во поголемите градови, дише воздух кој содржи далеку под минималното препорачано ниво на негативни јони  од 1000 на см3.  Во просечна канцеларија, нивото на негативни јони е близу до нула, додека во природата е помеѓу 800 –100.000 јони на cm3.

Која е користа од негативните јони?

Штетните позитивно наелектризирани јони предизвикуваат главоболки, зголемен крвен притисок, нервоза, замор, а кај почувствителни лица, може да предизвика алергии, астма и депресија за само неколку недели. За разлика од нив негативните  јони имаат корисен ефект врз респираторниот тракт и го забрзуваат самочистењето на белите дробови, поттикнуваат производство на ензими кои влијаат на респираторната еластичност (намалување на склоноста кон напади на астма), ја стимулираат функцијата на жлездите со внатрешна секреција, ја подобруваат функцијата на тироидната жлезда, ги стимулира надбубрежните жлезди да произведуваат глукокортикоиди и минерални кортикостероиди (хормони на надбубрежниот кортекс), кои се супстанции кои помагаат да се справат со оптоварувањата, ја зголемуваат мускулната сила и економичноста на работата на мускулите, имаат корисен ефект врз невротиката и луѓето кои страдаат од нарушувања на спиењето и од разни болки не предизвикани од органски промени, го забрзуваат заздравување на рани и изгореници, имаат корисен ефект врз хипертониката, предизвикуваат намалување на крвниот притисок. 

Постојат истражувања и дека негативните јони ја намалат изложеноста на вируси и бактерии.

Бел прочистувач на воздух

Бел прочистувач на воздух

ден 14.500 ден 11.999Додади во кошничка

ден 14.500 ден 11.999

Бел прочистувач на воздух

Бел прочистувач на воздух
ден 14.500 ден 11.999

Сребрен почистувач на воздух

Сребрен почистувач на воздух

ден 14.500 ден 11.999Додади во кошничка

ден 14.500 ден 11.999

Сребрен почистувач на воздух

Сребрен почистувач на воздух
ден 14.500 ден 11.999

Црн прочистувач на воздух-нема во залиха

Црн прочистувач на воздух-нема во залиха

ден 14.500 ден 11.999Read more

ден 14.500 ден 11.999

Црн прочистувач на воздух-нема во залиха

Црн прочистувач на воздух-нема во залиха
ден 14.500 ден 11.999
Коментари од корисници:
  • „Лесен за одржување, економичен и ефикасен“-Билјана.А.
  • „Го користиме скоро една година и сме презадоволни, се осеќа свежина во воздухот дома и филтерот едноставно се чисти“-Синиша Б.
  • „Работи 24/7 на најјако, исклучен е по половина час само кога го чистам“-Сузе
  • „Две години го користам и навистина сум задоволен. Нема скриени трошоци како замена филтер на три месеци. Троши смешно малки ел.енергија. Единствениот трошок е цената на уредот која е сосема пристојна.“-Константин
  • „Го имаме и стварно сме презадоволни, се намали прашината во домот и покрај пушачи, доволно се прочистува воздухот, поздрав“-Билјана
  • „Од срце ви препорачувам Ionic CARE прочистувачи. Имам 3 дома и секој ден црнаици бришам од него.“-Даниел Д.
  • „Тивок, лесен за одржување, пристапна цена, ефикасен“-Ѓорѓи К.
  • „Одличен производ! Го препорачувам. Треба да го има во секој дом во Скопје и пошироко низ Македонија“-Дарко П.
  • „Најдобар. Економичен значи не троши струја, нема бука, многу лесен за одржување, не зафаќа простор, нон-стоп може да е вклучен. Го имаме во теретана и воздухот е фантастичен. Не мириса на железо, нема влага, нема прашина. Да се грижиме за сите нас почнувајќи од домот и работниот простор. Го препорачувам најмногу, има 10-ка.“-Нена Ц.
     Често поставувани прашања:
  • Што ако светне црвената сијаличка? – Црвената ЛЕД сијаличка покажува дека прочистувачот не работи како треба. Тоа може да биде предизвикано од премногу наталожена прашина на филтерот или на јонизирачките жици, како и од дефект.
  • Дали прочистувачот на воздух го собира и димот од цигари? – Да. При користење во просторија каде се пуши препорачуваме негово почесто чистење од вообичаено или по секое користење во зачадена просторија.
  • Дали да го чистам куќиштето на прочистувачот на воздух од внатре? –  Уредот не се чисти од внатре. Доколку го расклопите прочистувачот на воздух гаранцијата би била неважечка.
  • Колку долго треба да работи прочистувачот на воздух?– Потребно да работи минимум еден час за да постигне видни резултати. Зависно од големината на просторијата, избраната брзина на работа, но и загаденоста на воздухот, тој во просек од три часа ја чисти целата просторија. Најдобри резултати постигнува кога е постојано вклучен.
  • Каде да се постави прочистувачот на воздух?– Најдобро е да го поставите на централно место, каде тој ќе може да ги чисти сите околни простории.

Освен на нашата е-продавница, производот можете да го најдете и во продавниците на: Електрометал, Меркур и Ми-Гор

Политика на приватност:

Собираме информации за бројот на посетители и видот на пребарувања. Користиме т.н. „колачиња“. Освен IP и URL адресите на нашите посетители, „колачињата“ можат да соберат информации и за времето и датумот на извршената посета. Мора да имате минимум 18 години за да соработуваме.